Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 јули 2014
Колку пати сте ја слушнале изреката ,,отвора како на Шукара басмата,,. Но што таа значи во преносен говор? На што мислеле старите велешани кога ќе го кажеле ова. Одговорот го даде, пред некоја година терзијата Јован Босотов.
Отвора како на Шукаpa басмата значи дека тој материјал бил арен, квалитетен, добар. Кога велешани ќе купеле басма од на Шукара продавницата, таа станувала подобра, светла, поквалитетна, откако ќе се исперела. По секое прање била се поарна, затоа се вели отвора како на Шукара басмата. Не како денешниве по секое прање се по чурук – рече Јован.
Tweet |