Петар Печков
Објавено: петок, 20 јули 2018
Вчеравечер со премиерата на претставата ,,Лисистрата,, беше отворен 17-тиот Фестивал на античка драма ,,Стоби,,. Претставата работена по античкиот текст на Аристофан, сместена во современиот свет, во ново руво таа наиде на одличен прием кај публиката, со која од првиот момент воспостави контакт, имаше флуид. Иако во поголемиот дел од настапот врнеше ситен есенски дожд, кој е редок за овој предел и важи за исклучително сушен.
Оваа претстава, со оваа идеја требаше пред пет години да ја поставам во Државниот театар во Киев, но тогашниот директор почина па идејата остана за дома во Ереван. Зимово дојде поканата од директорот Крстевски да ја поставам во Стоби. Актерите брзо ја уловија мојата идеја и високо професионално ја одработија. Решив да направам современа историја, настан кој никогаш не се случил но возможно е да се случи Голема благодарност до публиката, која се однесуваше како да има сонце а не да врне - изјави режисерот Хакоб Газанчјан - од Ерменија.
Тој пред 13 години ја постави претставата ,,Облаци,, на истиот овој простор. Во улогата на пратеникот настапи Васил Зафирчев, кој пред многу години, во 2003-та настапувајќи во истоимената претстава но во режија на Љупчо Ѓеоргиевски, со велешки театар ја толкуваше Лисистрата. По повеќе години пауза актерите на велешки театар се вратија во локалитетот Стоби со своја претстава.
Претставата беше готова пред две недели. Во меѓувреме ја до средувавме, ја полневме, се надевам дека ќе расте. Очекувам дека од септември ќе ја играме на големата сцена на велешки театар. Амбиентот овде е посебен, незаборавен. Вечерашното присуство на публиката покажа дека и недостигало Стоби, не само како театар туку како чин од социјалната култура. Таа дојде со очекувања, толку години не била тука, временската прилика дождот создаде посебна атмосфера. Пред 15 години со Лисистрата каде настапував како носечка улога се отвори фестивалот еве сега пак повторно со Лисистрата, кругот е затворен. Но се отвора некој нов циклус, кој очекувам да донесе нови млади уметници, млади таленти, млади режисери, млада публика - рече Зафирчев.
Денес на пладне беше отворена дигитална изложба на фотографии од сите театарски престстави кои од 1992-та се одиграни во локалитетот ,,Стоби,, дело на Сашо Димоски. Изложбата е во траење од 11 минути и ќе може заинтересираните да ја проследат секој ден кога ќе се одржува тркалезна маса, а ден по настапот на театарот во рамките на Фестивалот. Првата претстава е ,, Електра, одиграна во јули 1992, следната година во август 1993-та е Антигона или севкупно 24 претстави на локалитетот Стоби. И двете во режија на Стојан Стојаноски а главната улога и во двете претстави ја одигра Слободанка Чичевска, како Електра и Антигона. Користени се материјали од фото документацијата на велешки театар.
Tweet |