речник контакт

Отворен ден во АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за државата

Голем интерес, многу дилеми, малку конкретни одговори

Петар Печков

Голем број на велешани дојдоа на отворениот ден со раководството на АД за стопанисување со станбен  и деловен простор од значење за државата. Сите со своите маки и проблеми, кои сакаат да се решат. Поврзани со домувањето, решавањето на станбен простор, место за живеење.

Поголеми групи на граѓани барале информација за одамна ветеното решавање на згрижување на луѓето од свлечиштето Рамина и изградба на станови за нив. Други пак побрале конечно да се реши статусот на вселените во социјалните станови во населба Тунел, кои од септември се со истечени договори и живеат на диво, без правно регулирана состојба. Млади брачни парови прашувале дали ќе се градат станови за нив.  

Имаше повеќе групи на жители, кои бараа одговори за нив важни  животни прашања. За тие од Рамина ги информирав дека овој проблем ќе го пренесеме до Министерството за транспорт и врски, од каде ќе чекаме одговор.  Од таму чекаме одговор и за станарите од социјалните згради во населба Тунел, чии договори се подолго време истечени. Очекувам дека во брз рок ќе се реши нивниот статус соа договор за закуп или купување на станови. Во план сме за изградба  на две згради во Велес, во новиот дел една во касарната  друга на просторот од гаражите на ЈКП Дервен, каде треба да се градат социјални станови и станови за млади  брачни парови. Но немаме за ова конкретен рок и тоа ќе биде во согласност со финансиската можност на АД  – изјави Марјан  Стефановски раководител.

Тој напомена дека поголем дел од сопствениците на т.н. општествени станови ги откупиле а малкуте што останале, склучиле договор за долготраен откуп.  

  Стефановски информираше дека два стана во Велес се наменети за деца без родители. Станарите од социјалните згради во најголем дел редовно ги плаќале сметките, а неколку бидејќи не платиле повеќе од 10 месеци добине решение за иселување, по што тие станови ќе се испразнат и доделат на нови корисници.

Во однос на бараките во Тунел, каде се сместени луѓето од Рамина, тие ги користеле без надоместок  а се донација од Бугарија. И сопствениците се должни сами да ги одржуваат бараките. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »