речник контакт

Отворен ден во куќата на Солеви, за почеток на Рациновите средби (фото)

Бројни ученици беа во посета и можеа изворно да видат моменти од животот на поетот Коста Солев Рацин

Петар Печков

Со отворен ден на куќата на Солеви, започнаа содржините од 60 Рацинови средби. Бројни ученици беа во посета и можеа изворно да видат моменти од животот на поетот Коста Солев Рацин.

 „Не постои подобро место од каде може да започнат Рациновите средби, отколку .неговата родна куќа., од каде тој живеел и творел, од неговото родно огниште“ - рече Александар Андреева од локалната власт на Општина Велес.

„Денес сме на гости кај Рацин, идеа која одлично кореспондира со деца, со ученици, кои се присутни во куќата. Освен што посетитлките можат да ги видат експонати, да слушнат приказна за нив, можат во позадина да ги слушнат безвременските стихови на Рацин со помош на Кире Ацевски и Сандра Станчевска, млади актери од Велес. Рацин е Балканскиот Лорка, икона на градот, со кого се гордееме“ - кажа Ангел Коруновски директор на Народен музеј Велес, во чија организација беше првиот ден од манифестацијата.

Меѓу посетителите на куќата на Солеви беа учениците од приватното школо НОВА од Скопје а потоа дојдоа и ученици од ОУ Блаже Конески па ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »