Петар Печков
Објавено: вторник, 05 мај 2026
Велешката Гимназија, најстарото средно училиште во земјава, ги отвори вратите за идните, потенцијални ученици во прва година. Под мотото „Тука започнува твојата приказна, со избор што ја создава твојата иднина“ се одржа отворениот ден.
Завршните основци, деветто одделенците од основните училишта во велешко имаа можност да се запознаат со образовниот процес во училиштето, наставните капацитети.
„Ме радува големиот одѕив на настанот, голем број ученици деветтооделенци. Тоа не е случајно. Причината е новата концепција кога од годинава се применува во гимназиското образование. По 20 години е направена измена во гимназиското образование, обновени се програмите. Тоа им овозможува да изберат предмети кои сакаат да ги изучуваат, сами да го креираат средното образование, да избираат предмети кои нив ги интересира и привлекува, да не биде наметнато. Тие по четири години ќе полагаат државна матура, по програмата која ќе учат сите четири години во Гимназијата“ – кажа Иле Попов директор на гимназијата „Кочо Рацин“.
Во дворот на училиштето беа поставени и претставени предметите кои се учат, секциите кои функционираат. Имаше и музички настап на учениците, со пригодни музички нумери, кои тие ги исполнија.
| Tweet |

















