Петар Печков
Објавено: вторник, 11 февруари 2014
Отворен е клон Кокичиња, кој работи во рамките на Детската Градинка Димче Мирчев од Велес. Започна да работи од понеделникот и може да прими 32 деца на возраст од 3 до шест години. Уписите се во тек и тој е наменет за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст во Општината Градско.
На младите брачни парови од населба Градско им овозможуваме новина, со која тие ќе можат да се посветат на својата работа и обврски. Некои од нив со земјоделски активности, други кои заминуваат на работа во Дрекселмаер во Кавадарци. Но нивните деца ќе бидат згрижени – изјави Жаклина Чаушевска градоначалник на општина Градско.
Опремувањето на градинката е вредно три милиони денари и е финансирано од Министерството за труд и социјална политика. Овој клон е во рамките на отворањето на исти такви12 во руралните средини.
Tweet |