Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 јули 2013
Во градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес беше отворен летниот саем на книгата што ќе трае до 6 јули. Со попуст, свои книги продаваат издавачките куќи „Матица македонска“, „Култура“, „Три“, „Макавеј“, „Топер“, „Наша култура“,„Феникс“ и ,,Детска радост``.Работното време е од 8,30 до 21 часот.
Саемот е убава можност љубителите на книгата да се снабдат со некоe од најновите дела. Издавачките куќи нудат книги со намалени цени и до 50 отсто, потенцира Игор Крајчев, директор на Градската библиотека „Гоце Делчев“.Тој рече дека во овој летен период најмногу се барат аватнуристички, лњсни жанровски дела, кои се читаат на плажа.
Саемот денеска беше отворен со промоцијата на романот „Мисија“ од велешкиот автор Миле Костов. Тој за овој роман во 2012 година се закити со наградата најдобар роман од издавачката куќа „Ѓурга“.
Авторот Костов рече дека романот има и поднаслов „Во потрага по љубовта“ и своевидно е шпекулативна фикција, испреплетена авантура, љубовна приказна и шпионски трилер. Ова дело во 2012 година било продадено во 500 примероци од првиот тираж. Според најавите на авторот, романот ќе има продолжение „Мисија 2“, кое треба да биде објавено годинава.
Tweet |