Петар Печков
Објавено: среда, 28 април 2010
Компанијата Туш во Велес отвори нов модерен супер - маркет на површина од 2,7 илјади метри квадратни каде на потрошувачите им понуди 15 илјади производи. Во маркетот се вработени 33 лица а инвестицијата е вредна три милиони евра. Во него има и игротека, аптека, цвеќарница, продавница за бела техника.
Наш план е 20 супер маркети во период од пет години во Македонија, кои ќе бидат по европска мерка за купувачите. Завршувањето на економската криза е периодот најдобар за нови инвестиции и за вложувања. Затоа сакаме брзо да ги градиме нашите објекти во сите поголеми градови во Македонија – изјави Јернеј Мур директор на Туш во Македонија при отворањето на објектот.
Новиот Туш маркет е четврти во серијата на објекти кои работат во Македонија, по еден во Штип и Куманово и втор во Велес. Тие вкупно вработуваат 110 лица. Словенечката групација Туш започна нивната мрежа да ја шири и во Босна и Херцеговина каде имаат 14 трговски центри и Србија каде имаат шест. Дел од прометот од првиот работен ден на Туш маркетот во Велес, како донација е наменет за децата со посебни потреби од Основно училиште Маца Овчарова.
Tweet |