Петар Печков
Објавено: среда, 02 јули 2014
Со свечено дефиле вчеравечер, по улиците низ градот започна 11-тиот меѓународниот фоклорен фестивал „Велес 2014”. Преплетувајќи ги боите на 18-те ансамбли, со 300 учесници од 10 земји, Македонија, Русија, Словенија, Турција, Италија, Романија, Србија, Полска, Израел и Бугарија тие беа вистински празник за бројните присутни, преку играта, песната, традицијата и обичаите.
Следниве денови градот ќе живее во ритамот на фестивалот. Велес уште еднаш ќе потврди дека е град на мостови но овој пат на мостови на пријателството што обединуваат и градат трајни врски меѓу народите. Тоа ја оправдува и нашата гордост и среќа што сме домаќини на најголемите амбасадори во светот – рече градоначалникот Славчо Чадиев отворајќи го фестивалот.
Tweet |