Петар Печков
Објавено: среда, 03 април 2013
Во Ликовниот салон во Велес отворена е првата Балканска изложба ,,Мост,, на која учествуваат по десет автори од Македонија и Турција. Изложени се 40-тина дела во различни техники.
Мостот е синоним за пријателство, за зближување, за соработка. Оваа наша изложба е насловена мост, по Камениот во Скопје кој е синоним за блискоста на два народи, нации, со различни религии, култури. На овој начин, преку оваа изложба сакаме да се покаже уште еднаш соединувачката страна на уметноста -рече Фехим Хусковиќ организатор на изложбата и еден од авторите учесници.
Таа ќе биде претставена во 10 града во Македонија и исто толку во Турција. Организаторот очекува дека во иднина на ена ќе се приклучат и автори од другите Балкански земји. Изложбата во Велес ќе биде отворена следните 10 дена.
Tweet |