речник контакт

Отворена Народна кујна во Градско

Тоа е 40-та во земјава и од нив се хранат 3.850 лциа. Во велешко има четири и тука дневен оброк добиваат 230 граѓани

Петар Печков

Во населба Градско отворена е  Народна кујна, 40-та која Министерството за труд и социјална политика  ја  постои  во Македонија. Во неа ќе можат пет дена во седмицата  четириесет лица, од 25 фамилии,  да добиваат по еден дневен оброк, со тоа што за викенд, сабота и недела ќе добиваат по еден сув ланч пакет. Корисниците првиот ден добија за ручек полнети тиквички и летна салата. Неа лично ја делеше градоначалникот на Градско.

Секогаш и секаде има лица, кои не можат да обезбедат своја лична егзистенција. Кај нас во таква ситуација е ромската популација, која живее на територијата на општината. И покрај нивните напори да заработат, не можат да го сторат тоа па затоа преку оваа народна кујна ќе им помагаме.  Бројката на тие што им треба е поголема а еве засега ќе им се обезбеди храна на 40-тина граѓани. Иако ова е земјоделски крај, не секој има земја или може да ја работи. Постои една категорија на луѓе кои со сопствен труд  се обидуваат да живеат, но во ова бурно време не можат тоа да го постигнат – изјави Григур Коцев градоначалник на Градско. 

Во Македонија преку 40-те Народни кујни се прехрануваат со по еден оброк дневно  3.850 корисници. Целта на МТСП е преку овој проект, социјален сервис, да се намалат социјалните ризици кои ги оптоваруваат граѓаните. Народната кујна во Градско  се реализира преку Меѓу општинскиот Центар за социјални работи во Велес, каде има и три други,во Чашка со 60, во Богомила со 30 и во Велес со 100 корисника.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »