речник контакт

Отворена е изложбата „Папрадишки мајстори 2011“

Триесетина дела останаа во трајна сопственост на градот

Петар Печков

Во организација на Општина Велес, по повод претстојниот празник на градот 9-ти Ноември,  во Спомен-куќата на Касапови во стариот дел на градот отворена е изложбата „Папрадишки мајстори 2011“  а беше промовирано и седиштето на истоимената сликарско-копаничарска колонија.

„Папрадишки мајстори“ веќе две лета наместо во планинското селото Папрадиште е преместена и се организира во старите архитектонски реновирани велешки куќи, куќата на Касапови или позната како „куќата што лебди“ и куќата на Јордан Хаџи-Константинов Џинот во Велес.

На седмата сликарско-копаничарска колонија беа изложени 20 дела на ликовни творци од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Романија и САД. На изложбата се претставени нивните сликарски дела изработени во масло на платно, акрил на платно, колажи и цртежи.

На колонијата осуммина копаничари оставија по една копаница резба во дрво, а скулпторот Васил Василев остави две свои дела-релјефи. Меѓу нив е и за прв пат  изработена фреската на заштитникот на градот Св. Пантелејмон. Од петок изложбата ќе бдие поставена во Ликовниот салон.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »