речник контакт

Отворена изложба

Во Ликовниот салон во Велес, во чест од 113 години од формирањето на ТМРО е отворена изложба на фотографии на чети и револуционери од ВМРО.

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес, во чест од 113 години од формирањето на ТМРО е отворена изложба на фотографии на чети и револуционери од ВМРО.

Изложбата ја подготви Државниот Архив на Република Македонија и Министерството за култура.

На неа се изложени 22 фотографии на чети и 11 фотографии на револуционери и идеолози на ВМРО.

- 23 ноември е многу значаен ден за македонската историја, кога започна да се остварува сонот и вековниот копнеж  на македонскиот народ за своја слобода И своја државност. Овој ден е денот на македонската револуционерна борба, ден на почеток на организирано револуционерно движење, ден кога воскресна идејата за ослободување на поробениот македонски народ и ден кога му се всади свеста дека е достоен да има своја сопствена држава - рече проф. Зоран Тодоровски, директор на Државниот Архив на Република Македонија, при отварањето.

\"\"
Поголемиот дел на прикажаните фотографии  се непознати и новообјавени за македонската јавност. Истите се снимени во периодот 1903-1907 година на подрачјето на Ќустендилскиот пограничен пункт од страна на Атанас Новев од Ќустендил. Меѓу нив се и шест фотографии на велешки чети предводени со војводи од Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »