речник контакт

Отворена изложба на Ангел Петров за 55 години работа

На ретроспективната изложба се претставува со 45 слики работени во масло

Петар Печков

По повод 55 години од неговата работа и 80 години живот на  академскиот сликар Ангел Петров од Велес  во Ликовниот салон е отворена изложба со негови дела. Пред публиката се претставува со мал дел од 45 слики, од неговото големо творештво. Сите се работени во масло а темата е портрети, пејзажи и актови.

Ги одбрав овие портрети преку кој успеав да ја доловам душата, психологијата на портретираниот. Тој бара повеќе дисциплина и прецизност. Имам повеќе пејзажи, тука има повеќе слобода. Актот пак бара доста прецизност, оти телото е богато, но треба да се внимава да не се отиде во порнографија, да не биде вулгарно, да има уметност. Сакам на публиката да и се претставам со дел од моето творештво, оти без гледач таа е тажна, пуста – рече авторот Петров. 

Сликите кои се на оваа ретроспективна изложба, дел се  создадени во седумдесеттите дел од осумдесеттите години на минатиот век. Вели дека ќе работи додека очите го служат, оти авторот мора да работи за прстите останат во кондиција. Овие 45 слики се избор од неговите 40-тина изложби, со кои досега се има претставено не само во Велес туку низ Балканот и Европа. Изложбата ќе биде отворена до 5-ти септември. Таа е дел до летниот културен бран, во организација на Народниот музеј од Велес, Општина Велес и Министерството за култура.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »