речник контакт

Отворена изложба на Белгискиот стрип во Велес

Претставен стрип јунакот Неро на авторот Марек Слин. Белгискиот стрип е познат по јунаците Тин Тин, Штрумфовите и Таличен Том

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложба на белгискиот стрип уметник Марк Слин. Тој е автор на популарниот стрип јунак Неро а за неговата работа од страна на Белгискиот крал добил аристократска титула и прогласен за Сер, што малкумина културни работници од оваа земја го имаат добиено. Слим има влезено во Гинисовата книга на рекорди како автор со најмногу издадени стрип книги во светот.

Стриповите во Белгија се дел од културното наследство. Многу луѓе ги сакаат, ги читаат. Белгиските стрип јунаци се разликуваат од американските по тоа што се многу пореални, по човечки, не се супер херои. Белгискиот стрип е познат по јунаците Тин Тин кој датира од 1929-та, потоа Штрумфовите и Таличен Том. Тоа се познати стрип јунаци по светот. Главниот јунак Неро кој овде во Велес е преставен за себе мисли дека е многу паметен, но е многу глупав и наивен. Белгискиот стрип е во врвот  во Европа заедно со француските и италијанските автори, имаме 800 стрип уметници – рече Вилем Де Грав директор на Стрип музејот од Брисел.

Овој музеј е еден до најпосетените културни институции во земјата а 80 отсто од гостите биле странци. Во него има 65 илјади  стрип  наслови. Годинава музејот слави 25 години од постоењето.   

Изложбата која е во организација на Белгиската амбасада од Софија по Велес ќе посети неколку града во Балканот, Софија, Тирана, Скадар и Приштина. За ова пригода од Софија дојде лично за да ја отвори изложбата  белгиската амбасадорка Аник Ван Калстер. Изложбата е организирана во соработка со Стрип центарот од Велес и Општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »