Петар Печков
Објавено: петок, 16 септември 2011
Во Ликовниoт салон отоврена е изложбата ,,Урбана синтеза,, на ликовниот уметник Филип Коруновски од Велес. Ова е прва самостојна изложба на младиот уметник, кој досега има учествувано во повеќе групни ликовни изложби и колонии. Пред велешката публика се претстави со 30-тина дела, цртежи, слики, графики, колажи.
Сликарството на Коруновски е во допир со голем број правци на современата уметности, кој тој ги спојува со голема инвентивност. Во создавањето на делата се користени природни и синтетички материјали, со сензибилнсот при користењето на колоритот, кој е богат и силен.
Изложбата ќе биде отворена десетина дена.
Tweet |