Петар Печков
Објавено: петок, 20 април 2012
Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба на графики и цртежи од академските сликари Лидија и Мирко Вујисиќ од Скопје.
На изложбата се прикажани 30 графики и цртежи, каде, според промоторот Спасе Перовски, секој од нив е препознатлив по својот исклучителен карактеристичен опус, со исполнета индивидуална меморија и сопствена мотивација.
Без разлика на тоа колку ние можеме да создаваме слика на апстрактна форма во современата ликовна уметност, таа сепак се врзува за три основни мотиви, и тоа пред се мртвата природа, пределот или пејзажот и фигурата. Во овие дела на современ суптичен начин се изразени одредени видувања на одредени форми, истакна ликовниот уметник Перовски.
Лидија и Мирко Вујисиќ завршиле Ликовна академија во Скопје во одделот за графика. Мирко е професор на Академијата, а Лидија предава во училиштето за применаа уметност „Лазар Личеновски“. Досега се претставиле со по десетина самостојни изложби, како и неколку заеднички, а учествувале и на повеќе групни изложби и колонии
Tweet |