речник контакт

Отворена изложба на дела од 22 -та Кичевска колонија (фото)

Претставени се 33 дела од 19 уметници изработени во масло на платно, акрилик на платно,

Петар Печков

 Во Ликовниот салон во Велес, вчеравечер беше отворена изложба на дела од 22 -та Интернационална Кичевска колонија ,,Кнежино,,. Претставени се 33 дела од уметници, кои твореа во првата половина на јули месец,  на 22 -рата, Интернационална Кичевска ликовна колонија Крапино.

 Пред публиката претставени се  делата на 19 уметници од 15 држави  - Малезија, Турција, Црна гора, С. Кипар, Германија, Казахстан, Русија, Албанија, Косово, Бугарија . Дела од Кичевската Колонија се преставуваат во Ликовниот салон во Велес, веке петта година . Делата се изработени во различни техники и стилови, масло на платно, акрилик на платно, комбинирани техники и скулптури. Куќата на уметноста поседува над илада уметнички слики, стотина акварели и осумдесетина скулптури изработени на оваа колонија во изминатите 22 години.

Дел од нив се изложени во  ,,Хотел Кичево,, во различни институции  - Републички Судски совет, Советот на јавни обвинители. Колонијата е организирана и финансирана од страна на АД ,,Тајмиште,, од Кичево.

Колонијата  има за цел да го стимулира, потикнува, развива и унапредува ликовното творештво, да ги збогатува постојните ликовни фондови со нови современи уметнички творби. Преку своите облици на интернационално комуницирање придонесува за зближување на уметниците од целиот свет, преку изложби, публикации, предавања, научни собири и други облици врши популаризација на современата ликовна уметност - изјави Горан Донески, организатор на колонијата . Уметниците сами се пријавувале за да гостуваат на тој начин било учеството. Тие работеле во објект кој е на 850 м. надморска височина, во ретко убав предел на Кичевско.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »