Петар Печков
Објавено: четврток, 23 јули 2015
Во Ликовниот салон во Велес отвoрена е изложба на фотографии ,,Кокино -мистичен шепот низ вечноста,, на Љупчо Илиевски. На 26 фотографии од 50-тината кој тој ги создал во оваа мегалитска опсерваторија, велешката публика може одблизу да се запознае со едно од најстарите астрономски локалитети на планетата Земја. Откако со оваа изложба неколку години Илиевски се претстави по светот, неговите дела се вратија во Македонија за да се прикажат и пред домашната јавност.
Оваа изложба направи перфектна мисија во Европа, бидејќи покажа дека Балканот е со стара цивилизација од 3-4 илјади години. Изложбата ќе остане во аналите на македонската фотографија, пред се во трезорот на македонската култура, без поддршка авторот открива една вредност од светски димензии. Таа е споменик на неговите колеги од Астрономското друштво - рече Александар Кондев фотограф, отворајќи ја изложбата.
Авторот Илиевски, започнал да го фотографира Кокино во 2002-та, кога се нашол во дилема, како на јавноста да и ја претстви оваа историска големина. Тој потсети дека фотографиите ги работел во период од осум години, колку време се вложил во регистрирањето на големината на Кокино.
Илиевски третирајќи ја фотографијата како уметност и користејќи ги можностите на фотографијата како медиум, создава прекрасни дела од исклучителен простор и ја раскажува приказната за местото каде предисториските цивилизации, карпите ги користеле како опсерваторија.
Кокино има моќ да врзува пријателства. Оваа изложба не е од краток рок на траење и има долго патување по Европа каде наидува на неподелени пофалби и симпатии. Бев во дилема како да ја претствам оваа таинственост, возвишеност, на контаткот на небото, земјата и каменот. Интуицијата ми кажа дека добро сум сработил тоа го го замислив - рече авторот Илиевски.
Тој спаѓа во редот на најистакнатите македонски фотографи. Припадник е на средната генерација фотографи, кој негува специфичен, уметнички стил и силен авторски печат. Засега е единствениот фотограф од Македонија чии фотографии за мегалитската опсерваторија Кокино се објавени во српското издание на престижното специјализирано .списание за фотографија „National Geographic“.
Tweet |