речник контакт

Отворена изложба од ликовната колонија Дрен

Претставени се 30 дела во акрил и масло на платно

Петар Печков

 Во Ликовниот салон во Велес, синоќа беше отворена изложба на дела од Ликовната колонија ,,Дрен,,. Таа се одржува во истоименото село близу Прилеп, во манастирскиот комплекс Св. Илија.  

На изложбата се претставени сите 30 дела кои ги создале 12 ликовни уметници кои учествувале на колонијата. Тие се изработени во акрил и масло на платно.  Единствено двете дела на два вајари, поради технички причини не беа претставени пред велешката публика.

Ова е осмо издание на Ликовната колонија, која се одржа во втората  половина на месец јули годинава. На неа освен 10 автори од Македонија учествувале ги гости од Србија, Русија и Бугарија. Истата е организирана од Центарот за култура ,,Марко Цепенков ,, од Прилеп.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »