речник контакт

Отворена изложба „Манаки фотографии одблиску“

Пред велешани 30 црно бели фотографии од почетокот на минатиот век. Велосипедска трка од 1907, електрификација на Битола во 1930, неколку години по Велес, офицери играат шах а фогури се живи луѓе...

Петар Печков

 Во Ликовниот салон во Велес, синоќа беше отворена изложба на фотографии изработени од браќата Манаки насловена „Манаки фотографии одблиску“.

Изложбата, која ја подготви м-р Роберт Јанкулоски е во рамките на проектот „Кич Да? Сте или не“, кој заедно веќе седма година го подготвуваат Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Министерството за култура.

Во Велес се претставени 30 фотографии - дела на браќата Манаки од крајот на 19 и почетокот на 20 век во повеќе македонски градови. Фотографиите се изработени од оригиналните стаклени плочи во дисперзираната лабараторија на Македонскиот центар за фотографија, а отстапени од Државниот архив на Македонија-подрачно одделение Битола, изјави  Нате Кицкаровска од Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.

Целта на овој проект, кој се реализира веќе седма година е презентација и промоција на ликовната уметност и доближување на публиката до врвните имиња не само од македонската туку и од светската ликовна уметност, рече Кицкаровска.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »