Петар Печков
Објавено: среда, 25 септември 2019
Во Ликовниот салон вчеравечер беше отворена изложбата ,,Древниот сон,, на академскиот сликар Тони Чатлески. Авторот се претставува со 18 дела масло и акрил на платно и комбинирана техника. Авторот, завршил Факултет за ликовни уметности во Скопје - отсек сликарство.
Чатлески ги бара одговорите за смислата на животот, доброто и злото, човечното и нечовечното, додека филозофијата за сопственото постоење и живот е пренесена на надреалноста на сонот - кажа Елица Николова, историчар на уметноста.
Чатлески а овој циклус го работел три години, од крајот на 2013 година, а го завршил во 2016 година, и се состои од 91 дело.
Потрагата на уметникот за смислата на животот е потрагата за вечниот живот. Со секој нов живот создаваме вечен човеков живот. Контактот меѓу минатото, сегашноста и иднината го правиме преку сонот. Во него можеме да се најдеме и сочувствуваме со нашите предци и со идните генерации. Така преку тој сон можеме да го доловиме тој вечен живот- објасни Чатлески. Авторот додаде дека моментално работи на својот нов сликарски циклус насловен Животот е бајка.
Изложбата ,,Древниот сон,, ред велешката публика беше во рамките на „Европските денови на културното наследство 2019“ и на Чатлески во Велес му е второ самостојно претставување.
Tweet |