Петар Печков
Објавено: сабота, 22 декември 2018
Вчеравечер во Ликовниот салон беше отворена изложбата на Тома Димовски ,,Рефлексија на невидливото,,. Неговите блиски за Тома, кој е лице со попреченост, со церебрална парализа, велат дека е борец и творец.
Ова е негова прва самостојна изложба, која претставува пресек на работата во изминатите 10 години. Роден е 1968 година во Скопје, дипломирал на етнологија на ПМФ, а денес е 4-та година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на професорот Антони Мазневски. Авторот твори од неговата 13-та година.
Во моите дела секој може да се препознае, нема ограничување кој е на сликата. Моето мото во животот е дека уметноста ни го подобрува квалитетот на животот. Уметноста е тука за да ја создаде убавинита на светот - рече Димовски. Тој пред велешката публика се претстави со 30-тина дела акрил на платно.
Со Тома соработувам седум години. Тој освен што слика, се бави, изработува музички инструменти, дрен ксилофон, дрвени ноти како инсталација и визуелна уметност. Изложбата што е тука пред велешани е пресек на последните негови 10 години творештво. Таа е своевиден автопортрет, што луѓето гледаат во денешницата. Димовски ги црта нашите изрази, кои ние ги заборавме во бркотницата - кажа Билјана Димитрова промотор на изложбата.
Изложбата со дела на Тома Димитров ќе биде отворена до четврток 27 декември.
Tweet |