речник контакт

Отворена изложбата на дела од ликовната колонија ,,Папрадишки мајстори 2017,, (фото)

Изложба до година се враќа во Папрадиште а делата ќе се продаваат на хуманитарна аукција

Петар Печков

Вчеравечер во Ликовниот салон во Велс беше отворена изложбата на дела  од годинашнава ликовна колонија,,Папрадишки мајстори,,.   На изложбата се преставени 50-тина дела, работени  во  различни техники, слики создадени од 23-та уметници од девет земји, кои на крајот од месец  август твореа во куќите  на уметноста, во Касапови, и на Џинот.  

Благодарност до градот, кој ни помогна во организацијата на колонијата, на манифестацијата. Така ја збогативме збирката на дела, ризницата на нашиот град, да ја унапредиме културата. Колонијата расте од година во година на задоволство од сите – рече  скулпторот  Ангел Коруновски координатор  на колонијата. Таа годинава се  одржа по 13-ти пат.

Отворајќи ја изложба на дела од колонијата, градоначалникот Коцевски најави дека таа до година ќе се врати во Папрадиште а делата ќе се продаваат за хуманитарни цели.

Следното издание во 2018-та година ќе го  организираме во рустикалниот предел на селото Папрадиште, во реновираниот планинарски дом, каде уметниците  ќе имаат нова инспирација. Ќе го вратиме в на колонијата  и копаничарството како специфична уметност. Бидејќи Општина Велес располага со голем фонд на дела создадени на колонијата изминатите  13 години, наместо да стојат по депоата, уметничките дела ќе ги ставиме  во функција на хуманоста. Во соработка со  Ротари клубот и бизнис заедницата од градот ќе  организираме хуманитарни аукции на делата од  следната сликарско –копаничарска колонија ,,Папрадишки мајстори,,  Така создадените дела ќе  ги красат просторот на љубителите на уметноста а собраните средства ќе ги намениме за децата и лицата со посебни потреби, граѓани кои имаат потреба од хируршка интервенција во странство – порача Коцевски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »