речник контакт

Отворена изложбата „Несознајно“ на академскиот сликар Филип Коруновски (фото)

Поставени се триесетина дела,цртежи на ликови, работени во техника пастел, на хартија за пакување

Петар Печков

Вчеравечер во Ликовниот салон беше отворена изложбата „Несознајно„ од академскиот сликар Филип Коруновски. Тој со триесетина дела, цртежи на ликови, работени во техника пастел, на хартија за пакување, се претстави по трет пат, со самостојна изложба  пред велешани.

Преку овие ликови се изразени подлабоки емоции, за кои сите се прашуваме а одговорите сами ќе ги најдеме  а не ги добиваме од дела.   Ова е една од моите фази на творештво,  во кое работам паралелно на неколку различни концепти. Овој концепт го работам последните три години - рече Коруновски.  

Дополни дека дел од овие дела, надополнети со други биле претставени на неговата изложба во Берлин.  Изложбата „Несознајно“ ја отвори театарскиот режисер Деан Дамјановски, колега на авторот Коруновски, од велешки театар.  Тој кажа дека не е квалификуван за зборува за ликовната уметност, но кажа дека може да зборува како ја доживува уметноста на Коруновски.

Со авторот соработувам во велешки театар повеќе години, но и надвор од него, и како уметник и како близок пријател.   Дел од овие дела, некои се наоѓале како сценографија на ѕидовите од моите претстави.  Тоа што ме фасцинира кај делата на Коруновски е контрастот, како во „ноар“ филмовите, каде го нема просторот но можеме да го замислиме, во некои полузатемнети простории, подруми, неугледни, но каде има многу емоција и страст и еротика - рече Дамјановски.    

Филип Коруновски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје- графика, за подоцна да магистрира на  одделот за скулптура. Изложбата ќе биде поставена во Ликовен салон, следните две седмици.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »