речник контакт

Отворена изложбата „Откривање на иднината“ од Петар Хаџи Бошков, со која е враќа подзаборавената и запоставена македонска модерна (фото)

Скулптурите се поставени во локалитетот Стоби, како дел од проектот Стоби -жив град

Петар Печков

Во античкиот локалитет „Стоби“ беше отворена репрезентативна изложба на дела од македонскиот  вајар и скулптор Петар Хаџи Јанев (1928-2015).  На јавноста и се изложени 40-тина дела, кои досега како семејно наследство беа чувани во ателјето на авторот.  Тие до 11-ти октомври ќе бидат поставени на повеќе простори од локалитетот Стоби, специфични локации, не случајно одбрани.

Со изложбата насловена „Откривање на иднината, археологија на модерноста“, се враќа подзаборавената македонска модерна, современа уметност. Скулптурите на Хаџи Бошков се спој меѓу заштитеното културно добро со современото, кажа кураторот на изложбата Владимир Јанковски.

„Кај пошироката публика постои проблем, како да се разбере македонската модерна уметност. Петар Хаџи Бошков е симболот, може да се каже највисоката точка на таа модерна.  И не случајно тој е одбран за едно вакво претставување.  Зборуваме за човек со светски широк дух, космополит, во неговите дела не можеме да најдеме обележја кои отсликуваат конфликт. Тој е преокупиран со формата, длабоко свесен за времето во кој создава,  за разлика од некои други, кои  се затвораат во уметничкиот свет, без да реферираат на тоа што е нивното време“ - кажа Јанковски.

За министерката за култура Ирена Стефовска ова  е редок културен настан, дијалог меѓу Стоби и авторот Хаџи Бошков, проект  на модернистички дела, од кој зрачи Европски дух.

„Тука се вкрстуваат цивилизации и епохи, модерната е внесена во античкиот град. Овој храбар уметнички предизвик, не е само атрактивно случување за афирмација на „Стоби“ и модерната во македонската уметност, туку рефлексија на современата ангажирана уметност, свртена кон актуелните општествени текови.  Изложбата го реактуелизира прашањето за  местото на модерната денес.  Делата на Хаџи Бошков, кои се културно наследство ги бараат своите врски со античката уметност.  Скулптурите  ги реафирмираат вредности што ги има модернизмот во земјава, а кои беа тргнати од нашето сеќавање“ - рече Стефовска.

Изложбата е дел до визијата на директорот на НУ Стоби, Спасе Перовски, локалитетот до биде жив град, да има активности и настани. Така по театарот и музиката, просторот се отвора за нова умесност, преку изложба. Таа во  целост е финансиски поддржана од Министерството за култура и дел од годишната програма.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »