Петар Печков
Објавено: среда, 03 декември 2014
Во зградата на поранешен Радиов Велес, свечено беше отворена канцеларија за развој на Вардарски плански регион. Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, Општина Велес заедно со УНДП, го трансформираа приземјето на зградата во седиште на Мрежата, овозможувајќи на тој начин пространи услови за работа, вклучително и за двете НВО и Економската комора.
Би сакал да им честитам на партнерите од регионот за воспоставување на ваква иновативна форма на меѓуопштинска соработка која за помалку од 12 месеци даде видливи резултати.. За секоја почит eодлуката на Советот на општина Велес да понуди бесплатен канцелариски простор во оваа мала но убава зграда. УНДП ќе продолжи да обезбедува поддршка за оваа и слични иновативни активности кои придонесуваат кон зголемување на одржливоста и инклузивноста на развојот на овој регион - рече Алесандро Фракасети постојан претставник на УНДП во Македонија.
Реконструкцијата на долниот кат од зградата се состоеше од изведување на електроинсталација, водоводна инсталација и градежни зафати.
Мрежата доби седиште во кое ќе продолжи да ги одржува своите редовни седници и состаноци преку кои во континуитет ќе ја остварува својата мисија, односно ќе ги координира и спроведува мерките и активностите за поддршка на јавниот, приватниот и невладиниот сектор во создавањето на услови за развој на силна и конкурентна економија на ВПР - рече градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.
Новоопремените простории на објектот може да се користaт и од страна на Стопанските комори, комората на занаетчии, невладините организации и други заинтересирани субјекти.
Во продоложение беше потпишан договорот со кој Општина Велес и Општина Кавадарци, од УНДП добиваат грант од по 25 илјади долари, со кои средства треба да се изградат пристапни патеки за лицата со посебни потреби. Ова беше по повод 3-ти декември Светскиот дена на овие лица. И двете општини имаат обврска да издвојат по 25 илјади долари за реализација на проектот.
Општина Велес планира да постави лифтови во две училиште, ОУ Васил Главинов и Гимназија.
Tweet |