речник контакт

Отворена ликовна изложба на Виолета Силјан (фото)

Настанот беше дел од годинашниве 53-ти Рациновите средби

Петар Печков

         Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложбата ,,Дивиот трендафил,, од Виолета Силјан. Таа се претстави со 37 дела работени во масло на платно, цртежи и графики. Преку оваа изложба авторката прави пресек на нејзината 30 годишна работа. Изложбата е дел од манифестација Рацинови средби.

 Секој македонски град создава великани, големци, кои ја знаат енергија на Македонија,  сведливоста и универзалноста на човекот  да ги прикажат во светот и си ги вратат дома – изјави Љубен Тевдовски директор на Музеј на град Скопје.  

 Изработените дела се од 1986-та наваму. Концептот на изложбата е темелен на идентитетот на жената, метафора на женското писмо.   Авторката  Виолета Силјан дипломирана 1986-та година на ФЛУ на одделот графика, кај проф.  Драгутин Аврамовски Гуте и Димитар Малиданов.   Изложбата ќе биде поставена пред велешани во следните десетина дена.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »