Петар Печков
Објавено: вторник, 10 ноември 2015
Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба на дела од годинешната ликовна колонија ,,Папрадишки мајстори,,.. На изложбата се поставени 30-тина дела, повеќето масло на платно, како и д е скулптури.
Тие беа создадени на крајот на месец август, кога 23 уметници од Полска, Русија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Бугарија, Унгарија и Македонија, твореа во куќите на уметноста, на Касапови и на Џинот.
Таа се организира по повод Денот на Општината 9-ти ноември и е дел од општинските свечености Изложбата ја отвори градоначалникот Славчо Чадиев, кој потенцира дека ликовните дела создадени на колонијата ја дополнуваат уметничката ризница на Велес и станаа дел од бројните автори кои трајно оставиле трага во културното живеење на градот.
Tweet |