речник контакт

Отворена ретроспективна изложба на дела од Владимир Георгиевски (фото)

На изложбата се поставени 20 дела изработени во различни техники

Петар Печков

Денес на пладне во Ликовниот салон во Велес беше отворена ретроспективна  изложба на дела од академскиот сликар и скулптор,  Владимир Георгиевски  (1942-2017). На изложбата се дел од неговите дела, кои се сопственост на неговите потомци. На изложбата се поставени 20 дела изработени во различни техники.

„На изложбата се претставени дела, на кои се најчестите мотиви  со кој се бавеше мојот татко. Тоа се животот на човекот, човековиот пат составен од  страдања, неговата верба или недостаток на верба, убавините на природата од која што  тој најмногу учеше и неговиот коментар на општеството и времето во кое живееше“ - кажа Фросина Георгиевска, ќерка на авторот Владимир.
 
Има две различни поставки кои кружат низ државата, како патувачки изложби.  Досега беа претставени во Штип и Свети Николе, од денес се во Велес и Гевгелија, по што следат Кавадарци и Неготино, па други градови. Изложбата беше поставена на почетокот од годинава во Музеј на град Скопје и таа е патувачка .  

„Изложбата се работи во соработка на семејството на Владимир. Таа прави пресек на творештвото на професорот. Ги претставуваме помалите формати на слики на авторот за да може публиката да проследи извонреден избор од големото творештво на Георгиевски“ кажа Јасминка Намичева кустос во Музејот на Град Скопје.

Владимир Георгиевски создал и сценографски и костимографски решенија за преку 30 театарски претстави во Македонија и во земјите на поранешна Југославија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »