Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 април 2022
Отворена е нова фабрика за сточна храна, сопственост на УНИ АГРО. Таа која дополнително го развива македонскиот исток и аграр. Вредноста на инвестицијата е 106.3 милиони денари, од кои 51.8 милиони денари се кофинансирани преку ИПАРД, половина е од сопствени средства на инвеститорот УНИ АГРО. Фабриката за сточна храна се наоѓа во близина на селото Каратманово.
„УНИ АГРО е успешна приказна и уште еден капитален проект финансиран преку #ИПАРД програмата на МЗШВ. Им честитаме на Ненад и Дарко Стојанови, млади и успешни сопственици, за храброста и визионерството“- порача Министерот за земјоделие Љупчо Николовски при отворањето на фабриката.
Капацитетот за складирање на житарки е 15.000 м3, производствена хала е на 1800 м2, има целосна автоматска линија за производство на сточна храна со капацитет до 200 тона на ден и 50 нови вработувања. Проектот е одобрен од ИПАРД 2 програмата на ЕУ. Нејзиниот камен темелник беше ставен на 21 ноември 2018-та година.
Tweet |