Петар Печков
Објавено: четврток, 19 мај 2011
Просторот го пуштија во функција Небојша Мојсоски директор за проекти на основното образование на УСАИД и Андо Николов директор на ОУ „Блаже Конески‘‘. Целта е со него да се збогати кариерното образование со информации и материјали за наставниците и учениците.
Ова е едно од шесте кериерни катчиња за основни училишта кои УСАИД ги пилотира во неколку општини во Македонија за да им помогне на учениците да станат свесни за односите помеѓу училиштето и вработувањето како и за релевантноста на своето учење, истакна Небојша Мојсоски.
Кариерното образование им помага на учениците да стигнат до својата идеална работа, да научат за различните можности за кариера, но и како да се однесуваат на нивни лични интереси, силни и слаби страни.
УСАИД во ова опремувањето на просторијата вложи 5 илјади американски долари кои биле искористени за набавка на опрема, мебел, компјутери, лцд телевизор и други материјали, како и обука на наставниците кои ќе работат во него. Од УСАИД истакнуваат дека се многу задоволни од тоа како е направено кариерното катче во ова велешко училиште, а кое ќе биде вистински пример за останатите училишта
Tweet |