Петар Печков
Објавено: среда, 30 јули 2014
Одделението за физикална терапија при Општата Болница во Велес е комплетно реконструирано. Неколкумесечните градежни работи завршија а тоа е повторно во функција. Објектот кој е дел од старата Болница од пред седум децении, изграден одамна, беше во лошо состојба. Сега пациентите имаат на располагање нови современи апарати и функционални соби за терапија.
Повеќе децении на овој објект не е воопшто уредуван, не е вложувано во него, докторите имаа тешки услови за работа. Тој беше проблем и за пациентите и за лекарите и медицинскиот персонал. Реконструкцијата успешно заврши, набавен е дополнителен апарат и сите пациенти ќе можат да ги користат новите услови за работа – рече министерот за здравство Никола Тодоров.
По оваа реконструкција, во октомври се продолжува со работите на одделението за трансфузиона медицина. Физикалното одделение има капацитет од 24 лежечки пациенти. Во амбулантскиот дел заменета е дел од апаратурата, набавен е нов апарат а во тека е набавка и на други нови.
Во ова одделение има само еден доктор физијатар и две други лица кои доаѓаат на помош од Кавадарци и Неготино. Реконструкцијата чинела 5 милиони денари.
Tweet |