речник контакт

Отиде калдрмата во историја, остана само на сликите

И последното парче калдрма во градот е покриено

Петар Печков

Деновиве заврши цементирањето на дел од улицата Браќа Поп Јорданови, од спојот со Улица Коле Неделковски до спој со Улица Архиепископ Михаил, некогашна Владимир Назор.

Овој дел од 50-тина метри воедно беше последната улица во градот каде има калдрма. Надлежните објаснуваат дека и покрај тоа што тие нуделе друго решение за оваа улица, станарите инсистирале на бетонирање.

Додаваат дека  калдрмата е покриена и еден ден доколку се реши таа пак да биде основа, може д се отстрани бетонот. Слично било и со другите улици во градот, каде калдрмата била покриена со цемент.   

Така со покривањето на ова парче калдрма, една од некогашните карактеристики на градот остана само на  сликите. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »