Петар Печков
Објавено: вторник, 21 јануари 2020
Само еден ден по објавувањето на тажната животна приказна на велешкото семејство Јованови, мајката Анѓелина и синот Јован, кои живеат во мизерни субстандардни услови, се собра голема помош и се решија неколку важни животни прашања за двајцата.
Невладината организација СВ. Спас и Отец Оливер најави дека ќе ја реновира запустена куќа. Други организации и поединци донираа огрев, храна, хигиенска средства. Волонтерите на Црвен крст на Општинска организација Велес го посетија домот на семејството Јованови на улица Сараевска.
По многуте повици за помош лично се слушнавме со Јордан кој денеска ни посочи дека добил многу донации, но единствено ни посочи дека му недостасуваат чевли, зимска јакна и уште нешто за во зима. Сите овие работи денеска му ги доставивме на Јордан и се договоривме со него во иднина секогаш кога ќе има потреба од помош да се консултираме и да се реагира навреме- информираше Орце Николов секретар ан ОО на Црвен крст Велес.
Центарот за социјални работи Велес, при Министерство за труд и социјала соопшти дека семејството веќе примало парична помош а синот кога аплицирал за него, не може да добие оти бил вработен.
Во врска со семејството на Ангелина и Јордан Јованови од Велес ја информираме јавноста дека Јованови се во системот на социјална заштита и примаат помош од 11.600 денари. Дополнително во соработка со Општина Велес работиме на обезбедување на помош за подобрување на условите на живот. Центарот за социјални работи Велес е во постојана комуникација со корисниците на социјалните права и се грижи за нив со цел да им обезбеди подобри и попристојни услови за живот. Во меѓувреме Јованови се снабдени и со огрев и се упатени на остварување на другите права од социјална заштита - велат од Центар за социјални работи од Велес.
Утринава во посета на Јованови беше и министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.
Го посетивме домот на Јордан Јованов и неговата мајка Анѓелина затоа што условите во кои живеаат се загрижувачки. Очајно им е потребна помош и веднаш се заложуваме како Министерство во рамките на законските можности, да помогнеме со еднократна парична помош. Исто така и од Центарот за социјални работи во Велес ќе побараме веднаш да ги посетат и да се разгледа можноста за користење на правото за социјална пензија или годишен минимален приход. Веќе неколку приватни фирми се јавиле да понудат директна помош за станбениот дел. Хуманоста побрза од државата, хуманите граѓани веќе се пријавија за помош - напиша на ФБ министерката Мизрахи.
Попладнево во посета на Јованови беше и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.
Ќе сторам сè што е во моја надлежност и во рамки на законските можности општината да помогне и да се обезбедат пристојни услови за живот на семејството Јованови рече Коцевски. Тој упати и апел до хуманите и сите добронамерни сограѓани, како и до приватните фирми и општествено одговорни компании од градот и државата, да донираат во рамки на своите можности и да излезат во пресрет на семејството Јованови, додека институциите ги преземат соодветните мерки.
Tweet |