речник контакт

Откако попишувачите не ги најдоа дома, граѓаните масовно дојдоа да се попишат во општинската пописна комисија

Просторијата е во зградата на локалана власт и работи во период од 8 до 20ч

Петар Печков

Голем интерес на велешани за попишување, откако не биле попишани во домашни услови. Од вчера ваква можност им се нуди до четврток 30-ти септември, во периодот од 8 до 20ч. во просторијата   на Општинската зграда.  Вчера, понеделник, околу стотина лица биле попишани, денес до пладне 50-тина.  

„Има голем интерес за  дополнително попишување, секој граѓанин може да дојде да носи документ за идентификација и ќе биде попишан. Граѓаните кои не се попишани, поради било која причина, можат да го сторат со посета на оваа пописна комисија, со цел никој да не биде пропуштен“ - кажа Драган Стојаноски, државен  пописен инструктор за пописен реон 18 Велес.

Ова се однесува освен за граѓаните и жители на Велес и за соседните општини Градско и Чашка. Дополнителниот попис   се однесува на оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите денови да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака, едноставно не бил воспоставен контакт.

Во земјава до вчера, понеделник 27-ми септември,  попишани се 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 198.589 граѓани од дијаспората.

Денеска е 24-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште два дена пописни активности.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »