речник контакт

Откако се сквернавија гробници на Св. Спас, ноќеска се украдени пари од црквата

Пред две години во февруари 2020-та, на гробиштата од црквата Св. Спас беше застрелан полицаец, кој остана жив а со колешка бил во акција на откривање на сторители на кражби

Петар Печков

Во текот на ноќта  крадци влегле во црквата Св. Спас во Велес и украле пари и материјални средства. Кражбата ја потврдија и од СВР Велес.

„Во 7,15 ч. лице кое било ангажирано во црквата, телефонски пријавило дека се украдени пари  во висина од две илјади денари, како и материјални средства. Екипа на СВР Велес беше на увид и се трага по сторителот“ - кажа Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

Кражба се случува во стариот дел на градот, каде жители на улицата  Прохор Пчински, која води до оваа црква, реагираа на бројните кражби  кои се вршеле  среде бел ден.   

„Тоа што се краде е со мала вредност, чевли, патики, прашок за перење, теписи,  но стресот е голем, да го видиш крадецот очи во очи“ - велат жителите од овој дел на градот.

Во стариот дел на Велес е и магацинот од Детската градинка, од каде беше одземена храната за оброци за децата.  На почетокот од годинава повеќе велешки семејства кои имаа гробни места околу црквата Св. Спас реагираа дека истите се сквернавени со цел да се украде накит од покојните.

Пред две години во февруари 2020-та, на гробиштата од црквата Св. Спас  беше  застрелан полицаец, кој  остана жив а со колешка бил во акција на откривање на сторители на кражби.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »