речник контакт

Откриен велешанец кој организирал кримучарење илегалци

Елвис Н. кој е во бегство и има распишано потерница, со камион превезувал 50 бегалци емигранти. Откако удрил во ендек побегнал а бегалците ги оставил. Настанот се случил Кумановско

Петар Печков

Против лицето Елвис.Н. (34) од Велес, како и против Н.Н лице поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – “криумчарење на мигранти“ Елвис Н. моментално е во бегство и по истиот е распишана потрага.

Според документираните сознанија од истрагата на почетокот на минатиот месец, поточно на  6 август во 23,20 часот било пријавено дека на локалниот пат Куманово-с.Романовце 200-300 метри над бензинска пумпа на „Лук Оил“  имало превртено камион марка „Застава 83.10“ со штипски регистарски таблички.

Од страна на  СВР Куманово било излезено на место на настанот при што било констатирано дека возачот го немало во возилото, истиот се дал во бекство, а во близина на настанот биле пронајени девет лица илегални мигранти, три лица од Нигерија и шест лица од Сирија, од кои четри малолетни лица, без документи за идентификација и истите биле сместени во ПЦС Скопје до завршување на постапката.

Со лицата е извршен разговор при што било констатирано дека во ТМВ имало околу 50 лица мигрантити и кога се случила собраќајната незгода другите се дале во бегство заедно со возачот во непознат правец, и дека се работело за две различни групи кои во различен период имале допатувано во Р.Македонија со намера да патуват во земјите од ЕУ.

Едната група во која биле околу дваесет мигранти од Нигерија преку Бугарија допатувале во Србија, каде на НН лице кое ги организирало му дале по 400 евра од човек да ги пренесе до Италија, а другата групата биле од Сирија и броела од 25-30 луѓе кои илегално оствариле влез од  Грција во Македонија и биле предводени од НН лице од Авганистан за сума од 850 евра по човек, пари што требало да му ги дадат откако ќе пристигнат во Србија.

На местото на настанот пронајдено е и ПМВ “Рено-клио“ со велешки таблици кое било заклучено и возачот на возилото го имал напуштено местото. Возилото е оставено на местото на настанот, бидејќи се движело пред камионот и кога се случила сообраќајната незгода возачот на возилото Рено клио не бил во можност да се врати назад, по што го оставил возилото на 30 метри од незгодата.

По извршените претраги дојдено е до сознание дека главен осомничен и организатор на овој настан е Елвис Н., кој всушност бил и возач на возилото Рено клио, кое има улога на претходница при транспортот на мигрантите. Од страна на Основен суд Велес издадена е Наредба за претрес на дом во дом и домашни простории на пријавениот во Велес. При претресот лицето не е пронајдено дома

Инаку Елевис Н. е поранешен полициски службеник во МВР на Р.Македонија, кој бил инволвиран и во случајот “Франкфуртската мафија“ за што издржувал казна затвор од три години во Германија. Истовремено тој бил инволвиран и во други дела како еден од главните организатори за криумчарење на мигранти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »