Петар Печков
Објавено: петок, 04 февруари 2011
Полицијата го фати и идентификува напаѓачот кој завчера со нож прободе ученик во велешкото средно училиште Коле Неделковски. СВР Велес против Б.А. ( 17 год) од селото Горно јаболчиште поднесе кривична пријава за насилство, откако тој бил препознаен од повреденото дете но и снимен од безбедносните камери во училиштето.
Причина за нападот бил што повредениот ученик С.Ј. ( 17 год) од селото Каратманово стоел со другар, кој на 30-ти ноември лани бил нападнат од Б.А. за што бил пријавен во полиција и против него имало прекршочна пријава во велешкиот суд. Незадоволен што бил пријавен, Б.А. се нафрлил врз ученикот со навредливи зборови, а бидејќи му попречило присуството на С.Ј. во еден момент го прашал ,,шо гледаш бе ти,, извадил нож и му го зарил во грбот.
Среќна околност е што нема повреди на виталните органи и ученикот е пуштен на домашно лекување.
Tweet |