речник контакт

Откриен најстариот пишан рецепт

Го напишал Хипократ а документот е стар околу 1,5 илјади години

Петар Печков

Научници од Египет пронашле ракопис , за кој сметаат дека е оригинален текст напишан од таткото на западната медицина Хипократ.

Ракописот испишан на иструган пергамент, содржи рецепт за лек што му се припишува на Хипократ. Рецептот е пронајден при скенирање на друг ракопис испишан преку оригиналниот текст.  

Станува збор за пергамент на кој последниот ракопис е стар најмалку 1500 години и тој ќе биде меѓу најстарите и најважните ракописи во светот, изјави професорот Мајкл Филипс.

Тој додава дека засега се уште не се знае за каков рецепт станува збор, но нагласува дека покрај текст на пергаментот има и цртежи на билки.  

Монасите пишувале преку него, најверојатно затоа што пергаментот во почетокот на новата ера бил многу скап.

Документот  е откриен во текот на реставрација на библиотеката во манастир „Св. Катерина“ во Јужен Синај.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »