речник контакт

Откриен подземен град во близина на Ангкор Ват

Ласерите покажале детална мапа на градски улици, резервоари, досега неоткриени храмови сокриени под густа вегетација, како дел од изгубениот град Махендраправата

Петар Печков

Со помош на најразвиена ласерска технологија во непосредна близина на прочуениот камбоџански комплекс на храмови Ангкор Ват е откриена мрежа на патишта и канали. Откритието е објавено во стручното списание „Просидингс оф д Нешанл Академи оф Сајнс“.

Ласерското скенирање открило дека до сега непознатиот урбан центар бил поврзан со храмовите на Ангкор Ват стари 1200 години.

Ласерите покажале детална мапа на градски улици, резервоари, досега неоткриени храмови сокриени под густа вегетација, како дел од изгубениот град Махендраправата

 Со помош на овој инструмент одеднаш добивме непосредна слика на целиот град за кој ништо не се знаеше, што е исклучително откритие, изјави раководителот на студијата, археологот Демиен Еванс од Сиднејскиот универзитет. - Наместо долг, постепен процес сега имаме изненадувачки „еурека момент“, кога на екранот одеднаш се појави древниот град.

Ласерската технологија, позната како лидар, работи по принцип на испраќање на ласерски пулс од авионите на земјата и мерење на далечини за да создадат детална, тродимензионална мапа на регионот.

Корисна е за археолозите, бидејќи ласерите можат да продрат низ густа вегетација и побрзо да покријат големи површини од што тоа би се направило пешки. Радарот е корисен и за истражување на други археолошки наоѓалишта, како Стоунхенџ.

Во април 2012 година австралиските научници, опремата ја натовариле во хеликоптер и со денови прелетувале над густите шуми на висина од 800 метри. Експедицијата потоа заминала во џунгли за да го потврдат резултатот на лидарот.

 Имавме разумни очекувања, но тоа што го откривме целосно не воодушеви. Тоа е неверојатно, рече Еванс.

Експертите се претпоставуваат дека цивилизацијата во Махендрапарвати пропаднала поради исчезнување на шумите и уништените канали и резервоари за вода.

текстот е преземен од Побједа Подгорица

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »