речник контакт

Откриен разбојникот од Бензинската крај Велес

Според велешката полиција тоа е истото лице,Е.И. кое подоцна стори вооружен грабеж на менувачница

Петар Печков

Велешката полиција го  осомничи  Е.И. дека е сторителот на вооружениот грабеж, кој на почетокот од септември, се случи на Бензинска близу Велес.  Таа против   Е.И. ( 36 год) од Горно Оризари  поднела четири  кривични пријави, за разбојништво, грабнување, одземање моторно возило, предизвикување општа опасност.

 Сите тие дела, ги сторил со соучесништво со уште едно лице, кое засега било непознато и  се бара.  Акцизата која тие двајцата ја извеле, личи на добар акционен филм, имало грабнување, закана,  истрели, вооружен грабеж, бегство..

Ноќта на 4-ти септември, околу 3 часот, на локалниот пат Раштани -  Велес, со закана од автоматска пушка,  Е.И и соучесникот,   сопреле патнички автомобил  опел астра, во кој се превезувале две лица.  Откако ги изнеле од возилото, им се заканиле по живот, по што испукале куршум во нозе пред нив и наредиле да постапуваат како што ќе им наредат.    Ги внеле во возилото, со вперена  пушка во возачот  наредиле да вози до Башино село. Кога стигнеле до Бензинската пумпа, Башино гас,  сопреле, грабнатите добиле наредба да чекаат  во автомобилот. Двајцата сторители влегле во бензинската пумпа, со пушката им се заканиле на двајцата вработени, да им ги дадат парите и откако ги добиле, обвинетиот Е.И. почнал да пука во инвентарот на  објектот. По ова влегле во возилото и побегнале. Додека двете лица ограбувале, двете грабнати лица побегнеле  од автомобилот.   Тој  по некое време беше пронајден близу наплатната рампа на автопатот кај Градско - го опиша дејствието Анита Стојковска,  портпарол на СВР Велес.

При грабежот  одземени бил 40 илјади денари.   Обвинетиот Е.И. три дена подоцна го стори разбојништвото  во е менувачница во Трговскиот центар во Велес , кога со закана од  пушка од вработениот се обиде да одзеде пари, но беше фатен, иако  пукал од неа. При вештачењето во МВР се утврдило дека  од истото оружје се  извршени разбојништвото на бензинската и во  менувачницата.    

Осомничениот Е.И  сега е во притвор, а кога ги сторил овие дела се наоѓал во бегство од затворот во  Штип, каде отслужувал казна затвор од 15 години.  Тој на 2-ри август бил пуштен на викенд, и потоа не се вратил во затвор. Велешката  полиција информира дека трага и по второто лице, кое било соучесник во овие четири кривични дела.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »