Петар Печков
Објавено: вторник, 27 јули 2021
Велешката полиција соопшти дека го открила сторителот на разбојништво и тешки кражби во една иста обложувалница, во новиот дел на Велес. Тоа го сторил во три наврати, сите околи Нова година.
„Поднесена е кривична пријава против К.Г.(30) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела, две за „тешка кражба на дрзок начин“ и едно „разбојништво“. На 13-ти декември лани со употреба на сила влегол во спортска обложувалница на ул.„Белградска“ во Велес и одзел пари. На 03-ти јануари годинава и 19-ти јануари годинава во истата обложувалница, пријавениот на исто така, одзел пари соопштија од МВР.
И додека МВР посочува за обложувалница на ул. Белградска, во писмените соопштенија на СВР Велес истата таа е лоцирана на ул. Благој Ѓорев.
Првото се случи на 13-ти декември околу 23,50 часот со вербална закана по живот на вработена во обложувалница на ул. Благој Ѓорев..
Второто беше на 3-ти јануари околу 23.15 часот кога во СВР Велес било пријавено дека едно лице со закана кон вработената, одзело пари од дневниот промет во обложувалница на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес.
За третото извршено на Водици, 19-ти јануари СВР Велес не информирало.
Tweet |