Петар Печков
Објавено: среда, 11 декември 2024
Велешката полиција уапсила млад сограѓанин, кој управувал возило чии регистарски таблички не се совпаѓале со регистрираното. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 10 декември во 14.45 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(28 год) од Велес. При контрола на патничко возило „форд фокус“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Д., било утврдено дека регистарските таблички поставени на возилото се од друго возило“- соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол ан СВР Велес.
Возачот бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |