Петар Печков
Објавено: вторник, 13 септември 2022
При прелет на полициски хеликоптер биле пронајдени 30 мигранти како се движат по пругата Неготино - Велес. Настанот бил случен денес а мигрантите биле префрлени во транзитен центар.
„Денеска 13 септември во 11 часот, при прелет со хеликоптер на МВР, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ и инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Југ, на место викано „Лагот“ помеѓу железничка линија Неготино- Дуброво, откриле 30 лица мигранти“ - соопштија од МВР.
Од мигрантите осум лица биле од Пакистан, пет од Конго, четири од Мали, четири од Гамбија, три од Бурунди, две од Гвинеја, две од Камерун, еден од Сиера Леоне и еден од Уганда. Мигрантите се пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.
фото илустрација
Tweet |