речник контакт

Откриени разбојниците кои ограбија бензинска на Макпетрол кај Дреново

Разбојниците се двајца од Прилеп и еден од Битола

Петар Печков

Полицијата ги откри    разбојниците кои пред два месеци ограбија бензинска пума на Макпетрол. СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.П. (24) од Битола, А.К.(23) и З.Д.(24) и двајцата од Прилеп, поради основи за сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. 

Тие на 25-ти ноември лани на регионалниот пат Градско -Прилеп на бензинската станица „Макпетрол“ кај селото Дреново- кавадаречко, со закана со нож и безбол палка извршиле разбојништво над вработените во бензинската, одземајќи парични средства и 11 кутии цигари, при што нанеле материјална штета од 50.100 денари.

Пријавените  биле маскирани со фантомки а потоа избегале со автомобил ситроен берлинго кој бил претходно украден а по грабежот го изгореле.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »