Петар Печков
Објавено: петок, 03 мај 2019
Неделата на 28 април во 4.15 часот на езеро Младост во Велес, полициски службеници ги затекнале лицата А.К.(57) и Д.И.(57), двајцата од Велес, како со мрежи ловат риби во езерото.
Притоа, биле пронајдени и одземени три мрежи во должина од 20 метри и риба. Лицата биле приведени и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави - информираа од МВР.
Tweet |