Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 декември 2018
МВР информираше за настан кој се случил ноќта помеѓу саботата и неделата, кога двајца крадци украле два сефа но биле откриени. При бегството го нападнале чуварот на објектот. Полицијата во потрага по сторителите.
На 09.12.2018 година околу 00,45 часот било пријавено дека во објект на кланица, лоциран на стариот пат на излезот од Велес кон Градско четири лица насилно го отвориле прозорецот и одзеле два метални сефа. Лицата биле забележани од чуварот И.Т.(48) од Велес, но физички го нападнале и избегале- информираа од МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Полицијата не соопштува дали крадците побегнале со двата метални сефа
Tweet |