речник контакт

Откриени тепачите на средношколците од Хемиска

Откриени се тепачите кои пред неколку дена во дворот на хемиското училиште во Велес, физички нападнаа група средношколци, двајца завршија во болница а шестмина се здобија со телесни повреди.

Петар Печков

 Откриени се тепачите кои пред неколку дена во дворот на хемиското училиште во Велес, физички нападнаа група средношколци, двајца завршија во болница а шестмина се здобија со телесни повреди. Полицијата против  единаесет лица, од кои шест се малолетници, поднесе кривични пријави за насилство а  истрагата покажала дека повредените се по грешка тепани.

СВР  Велес до Основно јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против лицата Д.М. (19) , П.Х. (18) , А.В. (19) , О.Д. (18) и Р.Ц. (18) и према лицата Ј.А. (16) , Љ.Д. (17) , В.Т. (17) , М.Р. (16) , М.Р. (16) и Д.А. (16) сите од Велес, поради основано сомнение дека  минатиот петок заедно во училишниот двор на средното општинско училиште Димитрија Чуповски во Велес сториле кривично дело насилство , на штета на лицата С.А. (18) , А.Џ. (16) и двајцата од село Бузалково и Ј.М. (15) од село Горно Оризари.

Тепачите  во петокот околу 18,30час. се состанале во близина на интернатот Лазар Лазаревски во Велес и се договориле заедно да отидат во хемиското училиште Димитрија Чуповски и физички да се пресметаат со ученици кои што учат таму, поради тоа што еден од нив претходниот ден бил натепан. Откако влегле во училишниот двор, застанале пред влезната врата и чекале да заврши седмиот час. Кога учениците почнале да излегуваат околу 19, 10 часот,  групата која била маскирана со шалчиња и капи, заеднички се стрчале кон влезната врата и почнале да ги удираат со раце, нозе и палки учениците С.А. , А.Џ. и Ј.М., при што им нанеле телесни повреди, за што истите побарале медицинска помош.

Тепачката  се случувал пред повеќе ученици и професори од училиштето, при што кај нив било предизвикано чувство на страв и несигурност и загрозување на нивната безбедност а помош од полицијата побарала директорката.

Според  напаѓачите, при разговорот во полиција, причина за тепањето е одмазда за претходно извршен физички напад во средното општинско училиште Коле Неделковски во Велес. Неколку дена претходно, едниот од сега пријавените, лицето П.Х.-ученик во училиштето,  по завршувањето на наставата, бил физички нападнат од други двајца  ученици. Полицијата ги идентификувала напаѓачите како Н.К. (16) и А.М. (18) и двајцата од село Горно Оризари, за што од страна на СВР  Велес против нив веќе е поднесена прекршочна пријава.

Велешката полиција заради честите тепачки меѓу средношколците, со засилени патроли последните години се обидува да ги спречи овие инциденти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »