Петар Печков
Објавено: среда, 13 февруари 2019
Тутунарите најавеното повлекување на нивните претставници од откупните пунктови го одложија и откупот на тутунот денес продолжи. Ова доаѓа по најавите дека надлежните ветиле оти проблемот кои го имаат тутунопроизводителите ќе биде решен.
Утрово добивме допис од Државен инспекторат за земјоделие со кое тие ветуваат дека проблемот ќе биде решен. Побараа да не ги повлекуваме нашите претставници од откупните пунктови, за тој да продолжи, на што одговоривме позитивно. Ние им веруваме дека ќе го решат проблемот останува во пракса тоа тие да го покажат - велат од Сојузот на Здруженија на тутунопроизводители.
Причината за нивното незадоволство е што Централниот регистар не го прифаќа Ванчо Коцев од Неготино, како ново избрани претседател на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите, одлуката на Вонредното Собрание одржано на 10-ти декември минатата година. Централниот регистер ги отфрлил одлуките на Вонредното собрание оти немале доказ за утврдување на фактот дали иницијаторите имале легитимитет, поточно дало Вонредното Собрание било свикано од една третина на членовите на Собранието.
Tweet |